5.8 C
Скопје
18. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Финска и Латвија најавија дека нема да примат Руси кои сакаат да избегнат воена мобилизација

Финска и Латвија најавија дека нема да прифатат Руси кои сакаат да избегнат делумна воена мобилизација со напуштање на нивната земја.

По тој повод говореа министерот за надворешни работи на Латвија Едгарс Ринкевичс и финскиот министер за одбрана Анти Кајконен.

– Од безбедносни причини, Латвија нема да размислува за издавање хуманитарни или други визи за руските граѓани кои сакаат да избегнат мобилизација – нагласи Ринкевичс.

Кајконен изјави дека Финска следи што се случува во соседна Русија и оцени дека има причини неговата земја да ја заостри визната политика кон оваа земја.

– Во однос на ситуацијата околу Финска, можам да кажам дека безбедносната ситуација е стабилна и мирна. Нашите одбранбени сили се добро подготвени и внимателно ја следиме ситуацијата – рече тој.

Потсетуваме, Путин вчера одржа говор и повика на мобилизација на 300.000 резервисти за агресијата против Украина и најави референдуми на окупираните украински територии за тоа дали сакаат да станат дел од Русија.

После тоа, голем број Руси решија да ја напуштат татковината купувајќи авионски билети и да заминат за Турција или Србија бидејќи не сакаат да војуваат.

Спонзорирано: