11.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАТЕМАСВЕТ

Се огласи НАТО: Ќе и’ објасниме на Москва, се’ ќе им биде јасно

По повод денешното обраќање на претседателот на Руската Федерација, Владимир Путин, зборуваше и претставник на НАТО.

Мобилизацијата на илјадници дополнителни војници што ја најави рускиот претседател Владимир Путин ќе доведе до ескалација на конфликтот во војната во Украина, а неговата закана за употреба на нуклеарно оружје беше опасна и непромислена реторика, изјави денеска генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.

Столтенберг истакна дека првата мобилизација на Русија по Втората светска војна не е изненадување и дека постапките на Путин покажале „дека војната не оди според неговите планови, што укажува дека претседателот на Русија направил многу погрешна проценка“. нагласи дека Путин повикал 300.000 резервисти да се борат во Украина и го поддржал планот за анексија на делови од земјата, сигнализирајќи му на Западот дека е подготвен да користи нуклеарно оружје за да ја одбрани Русија.

„Ќе се обидеме да иќ објасниме на Москва точно како ќе реагираме, што секако зависи од тоа какво сценарио ќе создадат или какво оружје можат да користат“, рече генералниот секретар на НАТО.

Тој додаде дека најважно е тоа да се спречи.

„Затоа вниманието на Русија е јасно привлечено кон невидените последици“, нагласи Столтенберг, мислејќи на каква било руска употреба на нуклеарно оружје.

Спонзорирано: