13.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАТЕМАСВЕТТОП ВЕСТИ

Русија експресно подготви закон: Што им се спрема на дезертерите?

Рускиот Совет на федерацијата одобри закон за построга казна за злосторствата против воената служба за време на периодот на мобилизација и во контекст на вооружен конфликт, како и за воведување кривични казни за доброволно предавање.

Со новиот закон се заоструваат казните за прекршување на должностите за воена служба – како на пример дезертерство и избегнување на службата.

Предлог-законот предвидува затворска казна до 15 години за отпор поврзан со воената служба или принуда на кршење на официјалната воена наредба, вклучително насилство или закана со насилство, за време на периоди на мобилизација или воена состојба, наведува Си-Ен-Ен.

Оние кои ќе отсуствуваат од два до 10 дена ќе се соочат со затворска казна до пет години. Претходно казната за ова дело беше една година затвор. Руските војници кои отсуствуваат од 10 дена до еден месец би можеле да се соочат со казна затвор до седум години, што е повеќе од три години претходно. Напуштањето на единицата подолго од еден месец ќе резултира со казна до 10 години, наместо досегашните пет.

Војниците кои не ги почитуваат наредбите на претпоставените или одбиваат да се борат за време на војната, исто така, според законот ќе добијат затворска казна од две до три години, а во потешки случаи од три до 10 години.

Законот беше итно усвоен од Думата на 20 септември, во пресрет на најавата за делумна мобилизација во Русија. По одобрението од Советот на федерацијата, тој ќе оди на потпис кај Владимир Путин.

Спонзорирано: