12.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАТЕМАСВЕТТОП ВЕСТИ

Протести низ Русија, Путин им постави стапица на оние кои не сакаат мобилизација? „Повикај го овој број“

Независниот руски портал Медуза, кому му е забрането да работи во Русија и затоа објавува вести од егзил, на својата веб-страница пишува дека во некои руски градови луѓето почнале да се собираат на антивоени протести.

Гардијан наведува дека се уапсени најмалку 500 луѓе.

Откако рускиот претседател Владимир Путин најави мобилизација на околу 300.000 луѓе за војна, како што рече, „не само против украинските неонацистички формации туку и против целиот Запад“, луѓето од најсиромашните региони на Русија, на кои мобилизацијата првенствено се однесува, решија да излезат на улица и да го изразат своето несогласување со оваа одлука на Кремљ.

Луѓето протестираат низ целиот Сибир, но демонстрантите се собираат и во главниот град на Русија, Москва, извикувајќи: „Нема војна“ и „Живот за нашите деца“.

Полицијата брутално ги апси демонстрантите, а единиците за интервенција се испратени на улица да ги одведат демонстрантите пред да се соберат во голем број.

На социјалните мрежи граѓаните пријавуваат своевидна замка за секој што има намера да се обиде да избегне мобилизација.

Всушност, многу адреси во Москва добија летоци на кои пишуваше: „Ако сакате да избегнете мобилизација, јавете се на дадениот број“. Меѓутоа, кога всушност ќе се повика бројот, добивате – центар за регрутирање на руската армија.

Спонзорирано: