3.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Во Нигерија запленети 1,8 тони кокаин

Нигериската агенција за борба против дрога запленила рекордни 1,8 тони кокаин со проценета улична вредност од 278 милиони долари од магацин во Лагос, при што се вели дека е најголемата заплена во земјата досега.

Пет лица, управител на магацин и четворица наркобосови, меѓу кои и еден од Јамајка, се уапсени поради поврзаност со дрога, објавиле вчера од Националната агенција за борба против дрогата.

Според написите на медиумите, осомничените се членови на меѓународен картел, кои биле следени од 2018 година.

Агенцијата соопштила дека дрогата била пронајдена на изолиран имот во Лагос во неделата бидејќи „картелот се обидувал да го продаде на купувачи во Европа, Азија и други делови од светот“.

Дрогата била чувана во 10 патни торби и 13 тапани, соопштиле од агенцијата.

Додале дека апсењата и заплените биле „историски удар за наркокартелите и остро предупредување дека сите ќе паднат ако не сфатат дека играта се променила“.

Според анализите, бројот на заплени на дрога во Западна Африка се зголеми минатата година, што покажува дека шверцерите на дрога го претворија континентот во центар за пренесување на своите нелегални производи меѓу Јужна Америка и Европа, пренесуваат медиумите во светот.