13.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

(Видео) Светот се прости од кралицата Елизабета Втора

Ковчегот на кралицата Елизабета Втора беше спуштен во кралската гробница на капелата во замокот Виндзор. Со тоа заврши делот од погребот отворен за гости и за јавноста, јавуваат агенциите.

Државната погребна церемонија заврши во Вестминстерската опатија со пеење на националната химна и поздрав од кралските гајдаџии. На церемонијата присуствуваа околу 2.000 гости, меѓу кои и членови на кралското семејство.

Во чест на кралицата беше одржано молчење во времетраење од две минути, а четворица државни трубачи го отсвиреа „Последниот поздрав“ на кралицата.

Ѓаконот Дејвид Хојл ја отвори црковната служба во Вестминстерската опатија, каде што кралицата Елизабета се омажи и круниса.

Проповедта ја одржа надбискупот од Кентербери, Џастин Велби.

Премиерката Лиз Трас им се обрати на присутните и прочита пасус од Евангелието по Јован, кое се однесува на Христовото обраќање до неговите следбеници за место на небото.

Хорот ја отпеа песната што беше изведена на свадбата на кралицата Елизабета и принцот Филип, како и музиката што беше компонирана за крунисувањето на покојната кралица во 1953 година.

Крајот на погребот воедно е и крај на јавниот дел од погребот на Елизабета Втора. Нејзиниот ковчег ќе биде положен во капелата Свети Џорџ, гробот на нејзиниот татко кралот Џорџ V, покрај нејзиниот сопруг принцот Филип.

Спонзорирано: