13.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Трас: Мораме еднаш засекогаш да ставиме крај на руската инвазија

Британската премиерка Лиз Трас на самитот на ОН ќе вети дека воената помош за Украина в година ќе биде на нивото од претходните 2,3 милијарди фунти (околу 2,6 милијарди евра) или дури и ќе ја надмине таа сума покажувајќи дека сака дополнително да ја зајакне нејзината поддршка за Киев по руската инвазија.

На Генералното собрание на ОН таа ќе ги повика лидерите да помогнат во намалувањето на енергетскиот задушување на Русија врз Европа.

Трас се упати кон Њујорк само неколку часа по погребот на кралицата Елизабета Втора.

Трас утре во Њујорк ќе се сретне со американскиот претседател Џо Бајден и ќе ја повтори својата поддршка за Украина.

„Ова е мојата порака до народот на Украина: Обединетото Кралство ќе продолжи да биде со вас. Вашата безбедност е наша безбедност“, рече таа.

„Мораме да работиме заедно и да го завршиме ова еднаш засекогаш“, рече Трас.

Велика Британија е вториот најголем донатор на воена помош за Украина.

Спонзорирано: