13.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Сијарто: Се противиме на воведување нови санкции против Русија

Унгарија се противи на воведување нов пакет санкции против Русија. Оваа информација ја потврди министерот за надворешни работи и трговија на Унгарија, Петер Сијарто.

„Во светот има јасна слика дека ефектите од санкциите се уште посилни од последиците од војната во Украина“, изјави денеска министерот.

Тој ги обвини земјите членки на ЕУ дека сакаат да ја искористат претстојната седница на Генералното собрание на ОН за да го променат ваквото размислување и да ги убедат земјите дека санкциите се точни, што Унгарија го карактеризира како губење време, пренесуваат медиумите.

Анализираат дека ЕУ предложи да се одбие финансирањето на Унгарија во износ од 7,5 милијарди евра по сè почестото противење на Унгарија на одлуките на ЕУ и приближувањето кон Русија.

Спонзорирано: