3.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Путин: Доминацијата на САД со светот е осудена на пропаст

Рускиот претседател Владимир Путин денеска ги осуди „напорите на САД да ја зачуваат својата глобална доминација“ велејќи дека тие се осудени на неуспех, пренесуваат медиумите во регионот.

При примањето на акредитивните писма од странските амбасадори во Москва, тој рекол дека „објективниот развој кон мултиполарен свет се соочува со отпор од оние што се обидуваат да ја зачуваат својата хегемонија во глобалните работи и да контролираат сè – Латинска Америка, Европа, Азија и Африка“.

Тој додал дека „на хегемонот му успева тоа долго време, но тоа не може да трае вечно… без оглед на настаните во Украина“.

Тој ги опишал санкциите против Русија како дел од напорите на САД и нивните сојузници да ги зајакнат своите позиции. Изјавил дека тие, всушност, лошо се одразиле на нив и на сиромашните земји.