13.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Петков потрошил 9.000 евра за вечера со Ковачевски, за Шолц 1.800

Поранешниот бугарски премиер Кирил Петков најскапата вечера ја приредил на македонскиот колега Димитар Ковачевски во јануари годинава.

Како што пишува бугарскиот медиум „Епицентар“, Петков потрошил околу 9.000 евра за вечерата Ковачевски и неговата делегација.

За споредба, вечерата со германскиот канцелар Олаф Шолц, Петков го чинела 1.800 евра, а со холандскиот премиер – 1.830 евра.

Медиумот наведува и дека Петков барал органска храна, овошје и зеленчук, а пиел скапи води и цедени сокови од свежо овошје.

Спонзорирано: