23.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Песков: Во моментов нема изгледи за дипломатско решение на ситуацијата во Украина

Во моментов нема изгледи за политичко-дипломатско решение на ситуацијата во Украина, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

„ Во моментов таквите перспективи не се видливи – изјави Песков за Интерфакс, зборувајќи за можностите за решавање на ситуацијата во Украина преку политички и дипломатски средства.

Во меѓувреме, турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека „Москва сака конфликтот да заврши што е можно поскоро“. Тој изјави дека неодамна се сретнал со претседателот на Русија Владимир Путин во Узбекистан и дека имал многу опсежни разговори со него.

„ Се што сакаме е конфликтот во Украина, во кој има многу жртви и во кој не може да има победник, да заврши мирно, а многу е важен рускиот став да сака се да заврши што поскоро – рече Ердоган.

Спонзорирано: