10.8 C
Скопје
23. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Нов Зеланд го зголеми нивото на предупредување поради џиновски вулкан под најголемото езеро

Научниците од Нов Зеланд алармираат за опасноста од вулканот под најголемото езеро во земјата, кој ја предизвика најголемата ерупција на Земјата во последните 5.000 години кога последен пат еруптира пред речиси 1.800 години, пренесуваат агенциите.

Преку соопштение геолошката агенција „Геонет“ соопшти дека открила речиси 700 мали земјотреси под езерото Таупо, создадени од џиновскиот вулкан, и го подигнала нивото на тревога за вулкани.

Системот за предупредување за вулканите се заснова на шест нивоа, што се зголемуваат, но „Геонет“ забележува дека ерупциите може да се случат на кое било ниво, а нивоата може да не се движат во низа бидејќи активноста може бргу да се менува.

Спонзорирано: