13.8 C
Скопје
24. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МЕТЕОCENTARТЕМАСВЕТТОП ВЕСТИ

Двајца загинати и девет милиони евакуирани поради тајфунот во Јапонија

Една од најголемите бури во последните децении ја погоди Јапонија и предизвика големи штети, лизгање на земјиштето и поплави. Тајфунот Нанмадол уби најмалку две лица и повреди околу 90 други откако пристигна на најјужниот јапонски остров Кјушу овој викенд, поточно во недела наутро.

Девет милиони луѓе се евакуирани, а повеќе од 350 илјади домови се без струја. Се предвидува дека во следните 24 часа ќе наврнат и до 400 милиметри дожд.

Државната телевизија NHK објави дека еден човек загинал кога неговиот автомобил бил потопен во поплава, а друг откако бил затрупан од лизгање на земјиштето. Уште едно лице се води за исчезнато, а според информациите, уште 87 лица се повредени.

Овој супер тајфун достигна налети до 234 км/ч, уништувајќи се што му се наоѓа на патот. Во главниот град Токио врнеше силен дожд, а важната линија на метрото Тозаи беше прекината поради поплави. Премиерот Фумио Кишида ја одложи посетата на Њујорк, каде што требаше да одржи говор на Генералното собрание на ОН.

Се прогнозира дека бурата ќе се сврти кон исток и ќе го помине главниот јапонски остров Хоншу пред утре да се пресели во морето. Потоплите температури на морската површина на Атлантикот и Карибите како резултат на климатските промени може да влијаат и на зачестеноста и интензитетот на ураганите, пишува Би-Би-Си.

Спонзорирано: