7.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Бербок: Ниту една земја не треба да живее во страв од напад од посилен сосед

Германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок ја истакна клучната улога на Обединетите нации во управувањето со глобалните кризи, пред нејзиното патување во Њујорк на Генералното собрание на ОН што почнува денеска.

Сепак, Бербок додаде дека овонеделното Генерално собрание нема да биде „како претходните“, обвинувајќи ја Москва дека ги напаѓа принципите на кои се основани Обединетите Нации со инвазијата на Украина, јавуваат агенциите.

„Иако е една од петте постојани членки на Советот за безбедност на ОН, Русија покажува целосно непочитување на меѓународното право и глобалниот поредок“, вели германската министерка за надворешни работи.

„Потребни ни се Обединетите Нации да најдат заеднички решенија за глобалните проблеми. Ниту една земја не треба да живее во страв од напад од посилен сосед“, рече Бербок.

Според неа ОН треба да бидат составени од луѓе кои меѓусебно се слушаат со почит и разбирање, обединети во заедничките фундаментални вредности како што се откажувањето од насилството и еднаквоста на сите нации.

Германската министерка за надворешни работи нагласи и дека Германија цврсто стои до Украина и ќе продолжи да ја поддржува „со се што е потребно“ за да се воспостави мир.

„Фокусот на Генералното собрание на ОН ќе биде ставен на „страшните злосторства извршени во име на Русија во Украина“, односно како да се постапува со нив и да се гони, како и на намалување на ризикот од нуклеарна катастрофа во Украина поради гранатирање нуклеарни централи“, додава Бербок.

Се очекува оваа недела на 77. Генерално собрание на ОН во Њујорк да присуствуваат повеќе од 140 шефови на држави.

Спонзорирано: