19.8 C
Скопје
28. септември 2022
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Војна во УкраинаСвет

Песков: Русија и Кина не претендираат да владеат со цел свет

Русија и Кина не се стремат да владеат со целиот свет, други земји имаат таква тенденција, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

– Остварувајќи ги билатералните односи, Русија и Кина не претендираат да владеат со целиот свет. Знаеме дека и другите земји имаат таква тенденција – изјави Песков во интервју за ТВ каналот „Русија 1“.

Песков оцени и дека Соединетите Американски Држави се главниот извор на провокативни акции и дека Русија и Кина се согласуваат во оваа оценка.

– Постои апсолутна согласност за различни провокации, чиј извор се САД, како и фактот дека таквото дестабилизирачко однесување е недозволиво – рече Песков.