11.8 C
Скопје
23. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТТОП ВЕСТИ

Казна за Орбан: ЕК препорача замрзнување на 7,5 милијарди евра за Унгарија

Европската комисија денеска му препорача на Брисел да суспендира околу 7,5 милијарди евра наменети за Унгарија, поради загриженоста за назадување на демократијата и можна корупција во управувањето со парите на ЕУ.

Европскиот комесар за финансии Јоханес Хан објави дека и покрај мерките предложени од Унгарија за отстранување на овие недостатоци, Европската комисија препорачува суспензија на средствата „проценети на 7,5 милијарди евра“.

Хан изјави дека Унгарија има рок до утре (19 ноември) да ги реши горенаведените неправилности, а секое суспендирање на средствата мора да биде одобрено од земјите-членки на ЕУ со квалификувано мнозинство, што подразбира согласност од 55 проценти од земјите, односно 15 од 27-те членки на ЕУ, со услов тоа да претставува 65 проценти од населението на Унијата.

Европската комисија го обвинува унгарскиот премиер Виктор Орбан за колапс на демократските институции, преземање контрола врз медиумите и кршење на правата на малцинствата. Орбан ги негира обвинувањата на Брисел.

Спонзорирано: