9.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТИЗБОР

Пукале во претставникот на папата додека делел помош во Запорожје

Претставникот на папата, кардиналот Конрад Крајевски, бил нападнат во Украина додека доставувал хуманитарна помош во име на папата Франциск во близина на градот Запорожје, пишува „Ватикан њуз“.

Кога завршиле со истовар на пратката со помош за локалните жители, било пукано на кардиналот Крајевски и неговата придружба од лесно оружје.

Крајевски не бил повреден во инцидентот и ја продолжил својата мисија, се вели во извештајот.