11.8 C
Скопје
7. октомври 2022
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Свет

Во телата на петмина Иранци биле пронајдени околу седум килограми дрога

Петмина ирански државјани биле уапсени во полициска акција во источниот турски град Ерзурум, откако во нивните тела биле пронајдени 683 капсули со дрога тешки 6.955 килограми, пренесуваат регионалните медиуми.

Екипи на полициската управа за борба против наркотичен криминал на автопатот Ерзурум – Ерзинџан запреле возило со сомнителни лица, а во автомобилот имало тројца ирански државјани.

При претрес на автомобилот биле пронајдени лекови за „чистење на цревата“ и лекови кои „даваат чувство на ситост“. Поради сомнително однесување, полицијата ги привела иранските државјани Мехди Б., Милад Ф. и Сираус Г., кои потоа биле префрлени во болница.

Рендгенските снимки покажале дека осомничените во телото имале 62 капсули хероин и 210 капсули опиумски афион.

На видео снимките можелo да се забележи дека капсулите со дрога биле во речиси сите внатрешни органи на осомничените.

Лекарите и полицијата биле изненадени бидејќи, како што рекле, досега не виделе толкаво количество на дрога во човечко тело. Од телото на осомничените со метод на дефекација била извадена дрога.

Полицијата во Ерзурум привела и двајца други ирански државјани, Масуд Т. и Солеман О., кои патувале во автобусот, кои привлекле внимание со своето чудно однесување и начин на седење во автобусот.

Контролите и рендгенските снимки покажале дека во телата на двајцата осомничени имало 411 капсули со опиум.

Утврдено било дека уапсените во двете акции ја внесувале дрогата во организмот со досега невиден метод на колоноскопија.

При прегледот, осомничените тврделе дека дрогата им била внесена во телото додека биле во бессознание и дека не знаеле колкава количина дрога им била внесена во организмот.

Петтемината осомничени од кои од телото биле извадени 683 капсули со дрога тешки шест килограми и 955 грама, по петдневно празнење се приведени во полициска станица.

По кривичната истрага, тие се приведени, пренесуваат медиумите.

Можеби ќе ве интересира

Претрес во Прилеп, пронајдена дрога, приведени две лица

M T

Во масовна гробница во Изум пронајдени повеќе од 440 тела

M T

Приведени четири лица на подрачје на Чаир и Бутел, пронајдено оружје, дрога…

M T

Масовна гробница со околу 440 тела е пронајдена на истокот на Украина

M T

Приведени двајца криминалци барани по потерници, пронајдена дрога кај нив

M T

Приведен дилер на наплатната станица Сопот, пронајдена дрога

M T