5.8 C
Скопје
18. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТИЗБОР

Стражар кој го чува ковчегот на кралицата Елизабета Втора се онесвести

Војник кој го чува ковчегот на кралицата Елизабета Втора се онесвести додека се одржуваше церемонијата. Тој колабира во раните утрински часови покрај ковчегот што цела ноќ го посетуваа Британците, за да и оддадат почит на кралицата.

Видеото стана вирално на интернетот, а на него се гледа како чуварот се онесвестува.

Неколку полицајци притрчаа да му помогнат. Останатите стражари се чини дека не се вознемирија од инцидентот, не се помрднаа.

Медиумите во Британија пишуваат дека инцидентот се случил при менувањето на гардата.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Ковчегот со телото на кралицата Елизабета денеска пристигнува во Лондон

M T

Ковчегот на кралицата ќе биде изложен 5 дена во Вестминстерската палата

M T