23.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИССВЕТ

Бизнисот со цвеќе им процвета на Турците – По смртта на Кралицата Елизабета нарачките им се зголемија за 90 проценти

Турските цвеќари сега користат товарни авиони наместо камиони за да испратат што е можно повеќе цвеќиња во Велика Британија.

Таму се соочуваат со зголемена побарувачка на цвеќиња по смртта на кралицата Елизабета Втора.

Нарачките за сечено цвеќе се зголемија за 90 отсто откако умре кралицата, вели Селчук Челеби, член на стоковната берза во Анталија, додавајќи дека турските цвеќари можеле да задоволат само околу 40 отсто од побарувачката.

„ Во Анталија е крај на сезоната. Се наоѓаме во период кога производството во планинските области на Испарта опаѓа“, изјави Челеби.

Зголемувањето на побарувачката ги натера цвеќарите да ангажираат авиони за нивните испораки во Британија, што трае еден ден, во споредба со камионите каде испораката трае една недела, рече Челеби.

„Туркиш карго“, филијала на авиокомпанијата „Туркиш ерлајнс“ објави дека почнала да испорачува повеќе од 500.000 цвеќиња, тешки околу 13 тони, во Англија за погреби од турските провинции Анталија и Испарта.

„Турски карго од почетокот на неделата до Лондон испорача околу четири тони цвеќе“, се наведува во соопштението.

Во периодот од 5 до 12 септември официјалните податоци покажуваат дека извозот на цвеќе од Турција во Англија е зголемен за 40 отсто во однос на минатата година.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Делегација предводена од премиерот Ковачевски положи цвеќе на вечните почивалишта на претседателите Киро Глигоров и Борис Трајковски

M T

Владина делегација предводена од вицепремиерот Маричиќ положи свежо цвеќе на споменикот на жртвите од катастрофалниот земјотрес во Скопје

M T

Нов профитабилен бизнис: Фабрички реновирани половни автомобили

M T

Владина делегација положи венец свежо цвеќе на спомен обележјето на партизанските гробишта во Бутел во чест на 9 Мај

M T

Делегација на СДСМ оддаде почит и положи свежо цвеќе на вечните почивалишта на претседателите Глигоров и Трајковски, по повод 30 годишнината од независноста на државата

M T

Делегација на Град Скопје положи цвеќе по повод Илинден

M T