11.8 C
Скопје
26. септември 2022
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СветТОП ВЕСТИ

Се урна станбена зграда во Аман, пет лица загинаа, а 14 се повредени

Пет лица загинаа, а 14 се повредени денеска при уривање на четирикатница во Аман, објавија јорданските власти нов биланс на несреќата.

Зградата се урна во станбениот кварт Џабал ал Веибдех во центарот на Аман.

Спасувачките екипи продолжуваат со потрагата по луѓе под урнатините.

Зградата се урна бидејќи е стара и дотраена, изјави за локалната телевизија вицепремиерот и министер за локална администрација Тауфик Кришан, додавајќи дека властите ја испитуваат состојбата на соседните згради.

Премиерот Бишер ал-Касавне, придружуван од неколку министри, го посети местото на несреќата. Тоа е боемски кварт и се смета за еден од најстарите во Аман, популарен меѓу странците и познат по својата жива културна сцена

Можеби ќе ве интересира

Погодена станбена зграда во близина на Одеса: Најмалку 17 загинати и 30 повредени

M T