4.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАСВЕТ

ОТКРИЕНИ ТАЈНИТЕ ЗНАЦИ НА КРАЛИЦАТА ЕЛИЗАБЕТА! Кога во јавност ќе го извадела ова, службениците јасно знаеле што значи тоа!

Тајните сигнали што кралицата Елизабета Втора им ги давала на своите чувари сега се откриени и сите се изненадени од дискретниот начин на кој таа го правела тоа.

Кралицата Елизабета Втора почина во четвртокот на 8 септември, а целото кралство и остатокот од светот и оддадоа почит. По нејзината смрт сите медиуми пишуваа за тајните на дворот, детали од животот на кралицата, односот со семејството и други помалку или повеќе познати работи од нејзиниот живот.

Не е тајна дека кралицата користела тајни сигнали за јавно да комуницира со членовите на нејзината придружба. Сега еден човек кој работел за кралицата со години откри како таа ги испраќала овие сигнали преку нејзиниот кармин. Иан Скот Хантер на светот му ги откри деталите за сигналот на оваа кралица кога таа беше подготвена да го напушти настанот.

Имено, кралицата Елизабета Втора често е видена во јавноста како става кармин на усните среде настан. Сега е откриено дека тоа не било обична случајност:

– Верувам дека не е бонтон дамите да прават гримаси во јавност. Но, таа вадеше кармин од чантата и се шминкаше без огледало, а тоа ни беше знак дека е подготвена да си оди. По овој нејзин потег сите ќе се соберевме и се ќе беше готово кога кралицата ќе станеше и ќе го напушти своето место. Исто така, освен кармин, чантата ја користела и како суптилен знак. Ако ја префрлела чантата од левото на десното рамо, тоа би значело дека е подготвена да го прекине разговорот со некого – објасни Хантер.