13.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Болсонаро: Ако загубам на претседателските избори, ќе се пензионирам

Бразилскиот претседател Жаир Болсонаро изјави дека ќе се повлече од политиката доколку не биде реизбран на претстојните избори во октомври, а анкетите покажуваат дека тој заостанува зад својот ривал, пренесуваат медиумите.

„Ако е Божја волја, јас ќе продолжам да бидам претседател. Ако не, ќе ја предадам претседателската лента и ќе се пензионирам“, изјавил Болсонаро.

Претседателот, кој има 67 години, изјавил дека на оваа возраст нема што да прави доколку неговото политичко патување заврши на 31 декември, што е последниот ден од неговиот мандат.

Болсонаро, според написите, во последно време испраќа поумерени пораки додека се обидува да го намали водството во анкетите што го има поранешниот претседател, левичарот Лула да Силва. Изборите се закажани за 2 октомври.

Болсонаро рекол дека жали што кажал во 2020 година дека не може да стори ништо за зголемениот број на смртни случаи во Бразил од Ковид-19, бидејќи тој „не бил гробар“.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Бразил очекува тензичен втор круг од изборите, Болсонаро собра повеќе гласови од очекуваното

M T

Иран остро кон Америка: Не сте повикани да коментирате за нашите избори

M T