13.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Папата Франциско во посета на Казахстан

Папата Франциско денеска пристигна во тридневна посета на Казахстан, а утре ќе учествува на Конгресот на лидерите на светските и традиционалните религии.

Авионот со папата Франциско од Рим слета по шестчасовно патување во главниот град на централноазиската република. Поглаварот на Католичката црква денеска ќе се сретне со претседателот Касим-Зомарт Токајев и со дипломати.

За 85-годишниот папа, кој страда од проблеми со коленото и поголемиот дел од времето го поминува во инвалидска количка, посетата на Казахстан е трето патување во странство годинава по патувањата на Малта и во Канада.

Во главниот град Нур-Султан, кој до 2019 година се викаше Астана, ќе се одржи седмиот Конгрес на лидерите на светските и традиционалните религии.

Спонзорирано: