10.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Финската премиерка: Бевме наивни кон Русија, требаше да ја слушаме Полска

Финската премиерка Сана Марин денеска пред Европскиот парламент изјави дека ЕУ е „премногу наивна“ во односот кон Русија и дека требало „повеќе да ги слуша“ Полска и балтичките земји.

„Мораме да признаеме дека усвоивме премногу наивен пристап кон Русија и ги базиравме нашите очекувања за нејзиното функционирање на погрешни основи“ – рече Марин во своето обраќање пред претставниците во Европскиот парламент.

„Требаше да ги слушаме нашите полски и балтички пријатели кои живееја под советска власт“ – рече таа.

Марин посочи дека руската политика на користење на енергијата како оружје за „уцена“ на ЕУ е „краткогледна“.

„Русија ја уништува својата економија и иднина. Ние веќе немаме доверба во Русија. Дури и да заврши војната денес, нашата доверба нема да се врати долго време“ – додаде таа.

Краткорочно, смета Марин, ЕУ мора да преземе „исклучителни мерки“ за намалување на цената на енергијата, додека на среден и долг рок „единствениот излез од енергетската криза е големата инвестиција во обновливи извори на енергија, заедничка транспортна мрежа и технологии за складирање“.

Спонзорирано: