21.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Зошто кралицата Елизабета никогаш службено не ја посети родната земја на својот сопруг

Има одредени земји каде кралицата Елизабета Втора никогаш не стапнала за време на нејзиното владеење, а меѓу нив е Грција, родната земја на нејзиниот сопруг принцот Филип.

Ова не е изненадувачки ако се земе предвид дека нејзиниот сопруг имал комплицирани односи со земјата во која е роден во 1921 година. За време на Грчко-турската војна од 1922 година, неговиот вујко, кралот Константин I, бил принуден да абдицира, што ја донело целата монархија во неизвесна ситуација. Принцот Ендрју од Грција, таткото на Филип, бил протеран од земјата и морал да побегне со семејството на британски брод за да стигне до Франција.

Падот на монархијата и тензиите меѓу грчкото кралско семејство и владата ќе го спречат тој и кралицата да дојдат во официјална посета на Грција како британски владетели. Сепак, тие ја посетија Грција приватно во 1952 година, пред доаѓањето на Елизабета на тронот. Но, тие не го повторија тоа патување.

Интересно е што Грција не е единствената земја која кралицата одбила да ја посети. Поради израелско-палестинскиот конфликт, во кој таа никогаш не сакаше да заземе страна, кралицата никогаш не го посети Израел за време на нејзиното владеење. И покрај ова, принцот Вилијам сепак ја посети земјата во 2018 година.

На црната листа на државите на кралицата освен Израел се најдоа и Куба, Аргентина, Албанија и Црна Гора.

Кралицата патувала во повеќе од 110 земји пред да престане да патува во 2015 година, на 89-годишна возраст. Поради ослабеното здравје, таа била на Малта при последната посета во странство, а после тоа не заминала надвор од Обединетото Кралство.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Швајцарски астрофизичар: За 25 години ќе лоцираме вонземјани

M T

Кралицата Елизабета Втора го посети Белград во 1972 година: Тито нареди да ги фатат сите жаби за да може мирно да спие

M T

Кралот Чарлс: Ќе и служам на земјата несебично како мајка ми

M T

Кралицата Елизабета слави 70 години на тронот

M T

Експлодираше најголемиот сончев одблесок досега, затемнување на Земјата. Што е следно?

M T

22 Април – Ден на планетата Земја

M T