26.8 C
Скопје
28. септември 2022
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Свет

Почна судењето на поранешниот чешки премиер, обвинет е за измама на пари од ЕУ

Денеска почна судскиот процес на поранешниот чешки премиер и потенцијален претседателски кандидат Андреј Бабиш, за измама во аферата „Родно гнездо“.

68-годишниот милијардер денеска се појави пред Општинскиот суд во Прага, каде што изјави дека гонењето против него е „политички мотивирано“.

Бабиш е обвинет за помагање и поттикнување измама. Во обвинението се товари дека помогнал во 2007 и 2008 година за добивање субвенции од ЕУ за изградба на луксузниот хотелски комплекс „Родно гнездо“ во износ од околу два милиони евра.

Во тоа време Бабиш беше на чело на големата деловна империја Агроферт, која вклучуваше области како што се земјоделство, храна, хемикалии и медиуми. Средствата од ЕУ беа наменети за малите и средни претпријатија. Агроферт ја врати субвенцијата за одморалиште на 50 километри јужно од Прага.

Познавачите на ситуацијата велат дека судењето може да се одолговлекува со години.

Андреј Бабиш беше премиер на Чешката Република од крајот на 2017 година до средината на декември 2021 година. Набљудувачите очекуваат тој да се обиде да го наследи претседателот во заминување Милош Земан на претседателските избори во јануари.

Неговите критичари поставија кафез пред зградата на судот во кој седи човек со маската на Бабиш.