13.8 C
Скопје
23. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Кучиња усмртиле жена, ја искасале стотина пати

Ширли Џонсон, 69-годишна жителка на округот Холмс, била пронајдена мртва во август во Гритни.

Шерифот на округот, Џон Тејт, изјавил дека причината за нејзината смрт е каснување од куче.

Според Тејт, Џонсон, која се враќала дома од домот на нејзиниот син на улицата Бонифас во Гритни, била нападната од три кучиња.

Шерифот рекол дека Џонсон била пронајдена од случаен минувач речиси 24 часа подоцна.

Лекарот утврдил дека била касната повеќе од 100 пати.

Трите кучиња за кои се верува дека се одговорни сега се евтаназирани, а соседите велат дека имале историја на агресивно однесување.

Тејт рече дека нема обвиненија против сопствениците на кучиња бидејќи нема физички докази кои ги поврзуваат кучињата со смртта на Џонсон.

Спонзорирано: