3.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАСВЕТ

ОТКРИЕН ИДЕНТИТЕТОТ НА МЛАДИТЕ ВО ЏИПОТ НА СМРТТА Четворица жители на Ужице го загубија животот во страшна сообраќајна несреќа

Утринава околу 05:00 часот на патот за Ужице – Златибор се случила тешка сообраќајна незгода во која четири млади момчиња ги загубија животите. Станува збор за Владимир М.(27), кој најверојатно го управувал возилото, Стефан Џ (21), Никола Д (19) и Урош Д (22) кој од тешките повреди починал во болница.

Тројца млади лица починале на лице место, додека четвртиот со тешки повреди е префрлен во Општата болница во Ужице, каде по кратко време починал.

Неофицијално, сите жртви биле од Ужице. Загинале во џип БМВ со словенечки регистарски таблички

Автомобилот се превртел на патот Ужице – Златибор кај каменоломот Сурдук, на неколку километри од Ужице.

До несреќата најверојатно дошло кога џипот, кој се движел од правец на Ужице кон Златибор по излегување од права линија во близина на каменоломот во Сурдук, од засега неутврдени причини преминал преку три коловозни ленти, удрил во бетонски тампон и продолжил да се движи „гребејќи ја“ карпата и тротоарот, па се вратил на десната лента преку која прелетал и удрил во металниот раб. Возилото потоа се превртело.

Спонзорирано: