9.8 C
Скопје
24. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Орбан: Нема да ни недостигаат гас и струја зимава

На Унгарија оваа зима нема да и’ недостига енергија, ќе имаме доволно гас и струја и тоа не е пророштво, туку факт, изјави унгарскиот премиер Виктор Орбан.

Орбан истакна дека Унгарија мора да добива енергија од некаде, бидејќи без нив економијата не може да функционира и посочи дека дури и иновациите се целосно зависни од енергијата, која е скапа.

И покрај тоа, рече Орбан, мора да продолжиме да се бориме против зелените фундаменталисти и бирократи кои се вклучија во геополитички игри, пренесува V4.

„Мораме да ги убедиме дека не треба да се откажуваме од различни извори на енергија, како што се јаглен, нуклеарни централи и гас“, додаде тој.

„Сега, од политички причини, земјите одлучуваат една по друга да се откажат од различни извори на енергија, поради што животот сега ни е поскап, а ситуацијата е се потешка за нашата економија на светскиот пазар. Има малку континенти во ваква тешка ситуација како што се наоѓаме ние, но само нашиот континент самиот си го отежна животот“, рече Орбан.

Спонзорирано: