11.8 C
Скопје
7. октомври 2022
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Свет

Чарлс прогласен за крал на Австралија и Нов Зеланд

Кралот Чарлс беше официјално именуван за шеф на државата на Австралија и Нов Зеланд на церемониите во неделата во главните градови на тие земји.

Во Нов Зеланд, парламентот во Велингтон го одржа прогласувањето на Чарлс за монарх, на местото на кралицата Елизабета, која почина во четвртокот на 96-годишна возраст.

Зборувајќи од скалите на Парламентот, премиерката Џасинда Ардерн кажа дека по смртта на кралицата, Нов Зеланд влезе во време на промени.

„Кралот Чарлс… постојано ја покажува својата длабока грижа за нашата нација“, рече таа. „Нашите луѓе длабоко ја ценат оваа врска, не се сомневам дека ќе се продлабочи.

Во Австралија, генералниот гувернер Дејвид Харли, претставник на британскиот монарх во Австралија, го прогласи кралот Чарлс за шеф на државата во Парламентот во Канбера. Прогласот беше одбележан со истрелување на 21 топ.

Британскиот монарх е шеф на државата во Австралија, како и во Нов Зеланд, иако неговата улога е главно церемонијална.

Претходно, австралискиот премиер Ентони Албанес рече дека национален ден на жалост за кралицата ќе се одржи на 22 септември. Албанес рече дека ќе отпатува за Лондон во четврток, ќе присуствува на погребот на кралицата на 19 септември, а потоа ќе се врати во Австралија на 21 септември.