15.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Анкара: Грција отвори оган врз товарен брод во Егејското Море

Турската крајбрежна стража денеска соопшти дека грчката крајбрежна стража отворила оган врз товарен брод што пловел во меѓународни води во Егејското Море.

Се додава дека нема жртви во пукотницата на 20 километри југозападно од турскиот остров Бозчада и дека по „вознемирувачкото пукање“ на два грчки брода, турските крајбрежни бродови отишле во областа, но потоа Грците заминале.

АП јавува дека не е јасно зошто дошло до пукањето. Турција долго време тврди дека Грција ги прекршува меѓународните договори со стационирање војници на островите во близина на турскиот брег на Егејското Море, а исто така ја обвини Атина дека со нејзината противвоздушна одбрана цели кон турски авиони за време на вежбите на НАТО над источниот Медитеран.

Грција одговара дека мора да ги брани источните острови, вклучително и туристичките одморалишта Родос и Кос, кои се поблиску до турскиот брег отколку до грчкиот брег.

Спонзорирано: