10.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Рама обвини за нов хакерски напад од Иран

Албанскиот премиер Еди Рама денеска откри дека во петокот вечерта бил извршен нов сајбер напад врз земјата.

Тој рече дека станува збор за истите напаѓачи, нападот е разоткриен и осуден од сојузничките и пријателски земји.

„Извршен е напад врз Информацискиот систем за управување (ТИМС) на земјата, а зад него стојат истите агресори“, рече Рама, алудирајќи на неодамнешниот напад за кој Тирана тврди дека дошол од Иран.

Рама додаде дека техничките тимови работат деноноќно со сојузниците за да ги направат дигиталните системи „отпорни на куршуми“.

Дипломатските односи меѓу Албанија и Иран беа прекинати оваа недела, а Рама во четвртокот рече дека сајбер напад од Иран бил извршен во јули и можел да ги парализира јавните услуги, да ги избрише дигиталните системи и да ги хакира владините досиеја, како и да предизвика кражба на владината електронска пошта.

Спонзорирано: