12.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Проруски лидер: Се повлековме од Изјум

Прорускиот лидер на самопрогласената Народна Република Доњецк, Данил Бесонов, на својот канал на Телеграм напиша дека руските трупи се повлекле од Изјум и неколку други населени места во областа Харков, пишува „Киев Индипендент“.

На проруските Телеграм канали се појавуваат информации дека украинските сили контролираат половина од Купјанск. Украински извори за руската подружница на Би-Би-Си изјавиле дека градот е ослободен.

Би-би-си јавува и дека проруските канали велат дека руските војници го напуштиле Изјум. Други канали јавуваат дека украинските војници се веќе во центарот на градот.

Спонзорирано: