12.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Петмина загинати во Нов Зеланд, се верува дека кит го превртел чамецот

Пет лица загинаа денеска во Нов Зеланд кога чамец со 11 лица се преврте во близина на Каикура, крајбрежен град на Јужниот остров, соопшти полицијата.

Радио Нов Зеланд (RNZ) објави дека градоначалникот на Каикура, Крег Макл, верува дека кит го превртел чамецот.

Сепак, полицијата не ја потврди причината за несреќата.

„Ова е трагичен настан кој погодува многу животи, не само семејствата на жртвите и нивните најблиски“, рече Мекл на прес-конференцијата, пренесува RNZ.

„Го затворивме пристаништето за да можеме да продолжиме да работиме“, додаде тој.

Точните околности на инцидентот ќе бидат предмет на истрага, изјави началникот на локалната полиција Мет Бојс.

Полицијата се’ уште ги идентификува жртвите, а нивните имиња не се соопштуваат. Шестмина преживеани се пренесени во медицинскиот центар во Каикура, а еден превентивно е пренесен во болницата Крајстчерч, соопшти полицијата.

Спонзорирано: