14.8 C
Скопје
3. октомври 2022
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СветВо тренд...

Чарлс официјално стана британски крал

Кралот Чарлс III денеска и официјално беше прогласен за нов британски монарх на состанокот на Советот за наследување на тронот во палатата Сент Џејмс.

Церемонијата за првпат се пренесуваше во живо. Во првиот дел беше објавено дека кралицата е прогласена за мртва и се прочита името на новиот крал.

Во рамки на вториот дел од свеченоста обраќање до нацијата имаше кралот кој Чарлс зборуваше за смртта на неговата мајка, кралицата Елизабета. Тој изрази сочувство до остатокот од кралското семејство и говореше за важноста на владеењето на неговата мајка.

„Мајка ми даде пример за доживотна љубов и несебична служба. Владеењето на мајка ми беше ненадминато по своето времетраење и посветеност. Дури и додека тагуваме, ние се заблагодаруваме за овој најверен живот. Длабоко сум свесен за ова длабоко наследство и за тешките должности и одговорности кои сега ми се префрлени“, рече новиот крал.

Додаде и дека е охрабрен од континуираната поддршка на неговата сакана сопруга, Камила која денеска го придружуваше заедно со неговиот најстар син, принцот Вилијам.

„Се молам за помош и водство од Бог“, рече Чарлс.

Една од наредбите одобрена од кралот Чарлс III, за време на церемонијата на прогласување, беше денот на погребот на кралицата да биде неработен ден.

По говорот и потпишувањето на прогласот од страна на членовите на Советот, свеченоста продолжи на балконот во палатата Сент Џејмс каде беше прочиран прогласот.

Текстот на прогласот се чита на глас и во Лондон и во другите главни градови во рамките на Обединетото Кралство – Единбург, Белфаст и Кардиф.

Со извици „Боже чувај го кралот“, во придружба на државните трубачи и почесна стрелба беше заокружен настанот.