13.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Украина: Руските војници дезертираа, ги соблекоа униформите и тајно бегаат во Русија

Украинската војска соопшти дека руските сили во регионот на Харков претрпеле значителни загуби, поради што некои војници дезертирале и ги соблекле униформите за да не бидат препознаени од цивилите.

„Некои непријателски единици претрпеа значителни загуби“, соопшти главниот штаб на украинските вооружени сили.

„Војниците дезертираат во цивилна облека и се обидуваат да се вратат на територијата на Русија. Во текот на денот забележавме повеќе од 15 такви случаи“, додаде тој.

Штабот ја повтори оценката на украинската армија дека за три дена напреднале речиси 50 километри на територијата под руска контрола и дека Русите се повлекуваат.

„Окупаторите се обидуваат да ги евакуираат ранетите војници и оштетената воена опрема во областите на населбите Вилхуватка и Бородојарска“, велат од штабот.

Киев во изминатите 24 часа повторно го зазеде градот Балаклија во Харков, кој шест месеци беше под руска окупација. Украина се приближи до важниот логистички и снабдувачки центар Купјанск, а Институтот за проучување на војната (ISW) верува дека најверојатно ќе го освои во наредните денови.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Киев: Русиja најде начини и методи за борба, Украина малку се опушти

M T

Во повеќе региони во Украина прогласена опасност од воздушни напади, жителите бараат засолниште во скривниците

M T

Британски министер: Ќе ја поддржуваме Украина додека не победи во војната

M T

Британско Министерство за одбрана : Путин за неколку дена ќе објави анексија на окупираните делови на Украина

M T

Зеленски: Целта на Украина е непроменета и покрај најавите од Русија

M T

СО SPORT LIFE до стан во Скопје!

M T