3.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Новиот крал сè уште нема да ја носи круната

По смртта на кралицата Елизабета, Велика Британија доби нов крал, Чарлс Трети.

„Веројатно ќе биде крунисан за една година“, изјави за магазинот „Пипл“ Кејт Вилијамс, професорка по историја на Универзитетот во Рединг, Англија, и авторка на „Млада Елизабета: Создавањето на кралицата“.

„Церемонијата на крунисување обично се чека една година бидејќи се смета дека е несоодветно да се одржи крунисување веднаш по смртта на претходниот монарх. Тоа е долг период на жалост.“

Таа се осврна и на претходните тврдења дека Чарлс ќе абдицира во корист на Вилијам.

„Тој го чека ова цел живот и сигурен е дека добро ќе ја врши својата должност“, додава историчарката.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Кралот Чарлс: Ќе и служам на земјата несебично како мајка ми

M T

Новиот британски крал денеска ќе и се обрати на нацијата

M T