3.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Ердоган: Ќе побарам да се овозможи извоз на руски производи

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави денеска дека ќе бара руските производи да бидат испорачани преку Црноморскиот коридор воспоставен со договорот постигнат со посредство на ОН кога ќе се сретне со рускиот претседател Владимир Путин следната недела, објави ТВ „Хабертурк“.

Ердоган на новинарите во авионот при враќањето од посетата на Балканот им изјави дека извозот на руско жито и други производи ќе им помогне на сиромашните земји, кои се во тешка ситуација.

Договорот, кој има цел да помогне во извозот на украинска и руска храна и ѓубрива на светските пазари, беше потпишан на 22 јули во Истанбул со посредство на ОН и Турција.

Спонзорирано: