23.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИССВЕТ

Цените на нафтата паднаа под 94 долари

Цените на нафтата паднаа денеска на меѓународните пазари под 94 долари бидејќи инвеститорите стравуваат од побарувачка во услови на заострени епидемиолошки мерки во Кина, висока инфлација и зголемени каматни стапки.

На лондонскиот пазар цената на барелот по пладне беше пониска за 1,95 долари во однос на вчерашното затворање и изнесуваше 93,69 долари. Речиси за исто толку падна и на американскиот пазар каде барелот се тргуваше за 87,57 долари.

Трговците нервозно го следат ширењето на Ковид-19 во Кина.

Строгите епидемиолошки мерки во втората по големина светска економија, како и притисокот на трошоците ја намалија активноста во азиската индустрија во август, засенувајќи ги шансите за закрепнување на регионот од последиците од пандемијата, според истражувањето објавено во четвртокот.

Технолошкиот центар Шенжен во јужна Кина ги заостри мерките поради континуираното ширење на инфекцијата, забранувајќи ги големите собири и забавата во затворен простор во областа Баоан на три дена.

Кинеската политика на нулта толеранција за ковид ја кочи економијата, што значи и послаба побарувачка за енергетски производи.

Пазарите се загрижени и поради рекордната инфлација и најавата за агресивно зголемување на клучните каматни стапки во САД и во еврозоната со цел да се запре растот на цените.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

„Голдман Сакс“: Цените на гасот во Европа оваа зима веројатно ќе се преполоват

M T

Чешката влада со одлука да ги ограничи цените на струјата и гасот за да ги заштити домаќинствата од раст на цените

M T

Доларот ослабна, цената на нафтата падна

M T

Поскапени брашното, маслото, цените во Австрија вртоглаво растат

M T

Шефицата на ЕК: Зголемените цени на енергијата ги открија лимитите на пазарот

M T

Доларот падна втор ден по ред, падна и цената на нафтата

M T