9.8 C
Скопје
24. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Русија: САД продолжуваат со провокациите во Тајванскиот теснец

„Преминот на двата брода на американската морнарица на 28 август низ водите на Тајванскиот теснец го гледаме како нова провокација, како дел од синџирот провокации насочени кон сеопфатно ограничување на Пекинг, како вршење на дополнителен притисок врз него и дестабилизирање на ситуацијата во регионот воопшто“, изјави портпаролката на руското Министерство, Марија Захарова.

Таа нагласи дека ваквото однесување на САД очигледно не придонесува за зајакнување на безбедноста во азиско-пацифичкиот регион, туку го прави покомплексен и непредвидлив.

Источната команда на Народноослободителната војска на Кина на 28 август соопшти дека придружувала два американски крстосувачи и целосно ги контролирала нивните активности за време на нивниот премин низ Тајванскиот теснец, пишуваат медиумите во светот.

Во написите стои дека воената морнарица на САД прави такви патувања околу еднаш месечно, што го налути Пекинг, кој ова го смета за знак на поддршка за Тајван, остров кој Кина го смета за своја територија.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Киев: Русиja најде начини и методи за борба, Украина малку се опушти

M T

Мечка во САД нападнала момче во двор

M T

Зеленски: Русија не ни може ништо на боиштето затоа продолжува со теророт

M T

Чешка пак им порача на своите граѓани да ја напуштат Русија

M T

Џефри Сакс: Зад саботажата на „Северен тек“ можеби стојат САД и Полска

M T

Кина ги предупреди САД: Можна е нуклеарна војна, сите европски земји ќе треперат

M T