17.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Автобус паднал во провалија длабока повеќе од сто метри, четири лица загинале

Четворица туристи загинаа, а 16 се повредени во сообраќајна несреќа во Перу по посетата на античкиот град на Инките Мачу Пикчу.

Двајца од загинатите туристи биле од Колумбија, а другите двајца се уште не се официјално идентификувани, соопшти провинциската влада во Куско.

Меѓу повредените има четворица Французи, двајца Грци, Канаѓани, Израелци, Аргентинци и Перуанци и едно неидентификувано лице.

Несреќата се случила ноќта кон понеделникот, на место кое е на околу сто километри од Куско, некогашниот главен град на Инките, од каде туристите ја започнуваат својата обиколка на Мачу Пикчу.

– Автобусот паднал во провалија длабока повеќе од сто метри – изјави министерот за труд и туризам Роберто Санчез, истакнувајќи дека на местото на несреќата имало магла.

– Туристите со тешки повреди беа превезени со воен авион во Лима – додаде тој.

Сообраќајните несреќи се чести во Перу поради лошата патна мрежа, брзото возење и несоодветната сигнализација.

Пред три дена, 16 лица загинаа кога нивниот автобус падна во провалија во провинцијата Јунино, во центарот.

Околу 5.000 туристи го посетуваат Мачу Пикчу во просек секој ден.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Најмалку девет загинати кога во Кашмир автобус падна во провалија

M T

Маж падна во провалија длабока 30 метри во Тенерифе

M T

Санкции за автобус и комби кои вршеле меѓународен превоз на патници без соодветна документација

M T

Разнесен автобус со затворски чувари во Турција – Се разгледува можноста за терористички напад

M T

Автобус и автомобил се судрија во Скопје

M T

Најмалку две лица загинаа во напад на автобус во Флорида

M T