12.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТТОП ВЕСТИ

Големото невреме кое ја зафати Европа однесе најмалку 13 животи

Најмалку тринаесет лица загинаа во четвртокот во силните бури во Европа, а единствената позитивна работа е што помогнаа во гаснењето на големите шумски пожари.

Две деца на возраст од четири и осум години загинаа во јужна Австрија кога паднаа дрвја во близина на езеро во Корушка. Десетина луѓе се повредени, од кои некои потешко. Три лица загинаа при пад на дрво посеверно во Долна Австрија.

Во Штаерска, Корушка и Источен Тирол возовите мораа да застанат поради прекин на електричната енергија поради невремето, а паднатите дрвја блокираа и некои патишта, соопштија властите.

Шест лица загинаа на Корзика, соопштија француските власти. Дрво паднало врз 13-годишно девојче во кампот во Сагон на западниот брег на островот.

На југот на островот, 72-годишна жена загинала кога покривот на куќа на плажа паднал врз нејзиниот автомобил. Загинаа и жена во кајак, рибар и уште две лица.

Францускиот министер за внатрешни работи Жералд Дарманин, кој е во посета на Корзика, изјави дека ветерот на островот дувал со брзина и до 200 километри на час.

Во невремето се повредени 12 лица, од кои едно потешко. Поради невремето без струја останаа 45.000 домаќинства.

Силно невреме ги погоди и другите делови на Франција, поплавувајќи ги улиците на Марсеј и блискиот Касис.

Две лица загинаа во невремето во Тоскана. Дрвја паднаа врз маж и жена. Пожарникарите имале 150 интервенции во Лигурија и Тоскана. Централниот регион Емилија Ромања исто така беше тешко погоден од невремето.

Европа цело лето е зафатена од екстремни временски услови, што според експертите е последица на климатските промени.

Шумски пожари горат на југот на Италија, на Сицилија и на островот Пантелерија, а северот од земјата го зафати невреме по долга суша.

Шпанија, како и Франција, беше опустошена од шумски пожари, но дождот барем овозможи да се стави под контрола пожарот во Валенсија.

Речиси 2.000 луѓе се евакуирани, но сега можат да се вратат, објавија шпанските медиуми.

Европската унија ги доживеа најлошите шумски пожари во овој период од годината од почетокот на заедничкото набљудување во 2006 година, според Европската комисија, пренесуваат светските агенции.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Европа оваа година ја доживеа најлошата криза со птичји грип досега

M T

Шолц: Германија е подготвена да преземе водечка воена улога во Европа

M T

Русија ќе ги намали испораките на гас за Европа за една третина

M T

„Голдман Сакс“: Цените на гасот во Европа оваа зима веројатно ќе се преполоват

M T

Австриски експерт: Леденото доба и хаосот во Европа ќе траат до 2030-та година

M T

Салвини: Некој во Европа погрешно пресметал, санкциите ни наштетија на нас а не на Русија

M T