13.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Вучиќ и Курти на иста маса, српскиот претседател се надева на некакво решение

Средбата меѓу српскиот претседател Александар Вучиќ и косовскиот премиер Аљбин Курти во рамките на дијалогот Белград-Приштина започна во Брисел околу 10:30 часот, чиј домаќин е високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел, а на кој присуствува и специјалниот пратеник за дијалог, Мирослав Лајчак.

Пред почетокот на средбата Вучиќ и Курти одвоено се сретнаа со Борел и Лајчак.

„Неодамнешните тензии на северот на Косово уште еднаш покажаа дека е време да се оди напред кон целосна нормализација. Очекувам и двајцата лидери да бидат отворени и флексибилни за да најдат заеднички јазик“, напиша Борел на Твитер.

Во исто време, Вучиќ на својот официјален Инстаграм профил напиша дека се надева на „некакво решение“.

„Почеток на разговорот за суштинските проблеми на Косово и Метохија. Се надевам на какво-такво решение, иако воопшто не верувам во тоа“, изјави Вучиќ.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Вучиќ: Ни претстои најтешкиот период, можеби дури и потежок од деведесеттите години

M T

Брнабиќ: Поголеми притисоци врз Вучиќ и Србија немало никогаш

M T

Вучиќ му врачи орден на Орбан: „На големиот пријател на Србија“

M T

Вучиќ: Одговорната политика не може да почива на митови

M T

Курти: Косово е најдемократската земја на Западен Балкан

M T

Вучиќ го пречека Ердоган: Воени почести, национална химна и црвен тепих

M T