9.8 C
Скопје
24. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Кина се спротивставува на трговските преговори меѓу САД и Тајван

Кина цврсто се спротивставува на трговските преговори меѓу САД и Тајван и ќе ги преземе сите неопходни мерки за цврсто да го заштити својот суверенитет, безбедност и развојни интереси, соопштија властите во Пекинг.

Кинеското Министерство за надворешни работи денеска соопшти дека Кина ќе преземе решителни мерки за одбрана на својот територијален интегритет и ги повика САД да не проценуваат погрешно, откако Вашингтон и Тајпеј се согласија да започнат трговски преговори.

По повод најавата на САД дека ќе ги започне официјалните трговски преговори со Тајпеј, кинеското Министерство за трговија објави дека политиката на „една Кина“ е предуслов за учество на Тајван во економската соработка со странски земји, наведува британската агенција.

САД објавија дека ќе започнат официјални трговски разговори со Тајван, неколку недели по посетата на претседателката на Претставничкиот дом на САД, Ненси Пелоси, која предизвика остри протести од Пекинг.

Првата рунда преговори се очекува да започне на „почетокот на есента“, објави Канцеларијата на трговскиот претставник на САД.

Според „политиката на една Кина“, САД ја признаваат и имаат формални врски со Кина, а не со островот Тајван, но одржуваат „цврсти неофицијални“ односи со Тајпеј, вклучително и континуирана продажба на оружје на островот, кој се соочува со зголемен политички притисок од Пекинг за го прифати нејзиниот суверенитет, според британската агенција.

Странските директни инвестиции во Кина се зголемија за 17 отсто за седум месеци

Кинеското Министерство за трговија објави денеска дека странските директни инвестиции (СДИ) се зголемиле во периодот јануари-јули оваа година за 17,3 отсто во споредба со истиот период во 2021 година, на 798,33 милијарди јуани (117,53 милијарди долари).

Во долари, странските директни инвестиции во Кина скокнале за 21,5 отсто за седум месеци, се вели во соопштението на Министерството.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Британското разузнавање: Кина ги мами нашите поранешни пилоти во својата армија, нуди големи пари

M T

Орбан: Потребни се преговори меѓу Русија и САД за мир во Украина, надежта е Доналд Трамп

M T

Зеленски потпиша указ за неможност за преговори со Путин

M T

Кина ги предупреди САД: Можна е нуклеарна војна, сите европски земји ќе треперат

M T

Маричиќ: Важно е и опозицијата да биде вклучена во преговорите, верувам дека ВМРО – ДПМНЕ ќе ја сфати тежината на овој процес

M T

Пожар зафатил 10 ката од зграда висока 218 метри во Кина

M T