4.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Володин: Санкциите против Русија се покажаа како неефикасни и се вратија како бумеранг во Европа и Америка

Санкциите против Русија се покажаа како неефикасни. Се вратија како бумеранг и ги погодија Европа и Америка, изјави претседателот на руската Дума, Вјачеслав Володин.

Претседателот на Думата посочи и дека развојот на глобалната економија не може да се замисли без Русија.

Тој посочи дека странските економисти ги ревидираат проценките за БДП на Русија за оваа година.

Истовремено, тие заклучуваат дека падот ќе биде за две третини помал отколку што претходно предвидуваа.

– Во исто време, ситуацијата во однос на САД и земјите од ЕУ е сосема поинаква: аналитичарите даваат полоши прогнози и предвидуваат пад на БДП два квартали по ред – заклучи Володин.

Да потсетиме, откако Русија на 24 февруари започна специјална воена операција со цел денацификација и демилитаризација на Украина и заштита на граѓаните на Донбас, Западот воведе невидени санкции против Русија

Можеби ќе ве интересира

Киев: Русиja најде начини и методи за борба, Украина малку се опушти

M T

153 санкции за брзо возење

M T

ЕУ воведе санкции кон Иран

M T

Јапонија најави нови санкции против Северна Кореја: „Не можеме повеќе да толерираме провокации“

M T

158 санкции за брзо возење

M T

Зеленски: Русија не ни може ништо на боиштето затоа продолжува со теророт

M T