9.8 C
Скопје
23. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТТОП ВЕСТИ

Шумски пожар зафати патнички воз во Шпанија, патниците скокале од вагонот, повеќе од 20 луѓе се повредени

Повеќе од 20 патници се здобиле со изгореници откако скокнале од воз кој бил зафатен од шумски пожар во близина на Кастелон во североисточна Шпанија.

Во еден момент машиновозачот го запрел возот, за да се обиде да го сврти во друга насока, кога видел дека е опасно да продолжат.

Голем број патници ги фатила паника од страв од пожар, па решиле да ги скршат стаклата и да скокнат од возот.

Двајцата најтешко повредени се евакуирани со хеликоптер, додека останатите патници, меѓу кои и едно десетгодишно девојче, се пренесени во локалните болници.

Во моментот на инцидентот во возот имало 48 патници.

– Кога видоа дека се опколени со оган, се вратија во возот и неколку од нив се здобија со тешки изгореници – изјавил портпаролот на железничката компанија.

Претседателот на регионот Валенсија рече дека повеќе од 1.000 луѓе се евакуирани од своите домови бидејќи силните ветрови во последните денови го разгореа пламенот.

Двајца пожарникари се тешко повредени додека го гаснеле пожарот.

Валенсија е последниот во низата региони во Шпанија кои летово беа погодени од пожари поради високите температури. Досега низ земјава се уништени десетици илјади хектари шуми.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Пожар зафатил 10 ката од зграда висока 218 метри во Кина

M T

Пожар во југозападниот дел на Франција, зафатил четири куќи, стотици луѓе се евакуирани

M T

Најмалку осум загинати, седуммина повредени во пожар во изложбен салон за електрични скутери

M T

Загина маж од Неготино откако бил удрен од товарен воз

M T

Пожар во караоке бар во Виетнам, најмалку 12 лица загинаа

M T

Гори природен парк во Португалија, над 1.000 пожарникари го гаснат пожарот

M T