9.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАБИЗНИСТОП ВЕСТИ

Битиќи: Оваа година ќе имаме историски најголемо жнеење на житни култури

„Оваа година ќе имаме историски најголемо жнеење на житни култури, но не може да се справиме со последиците од лошите политики од изминатите 30 години со мерките кои денес ги носиме. Овие мерки ќе дадат ефект за некоја година“ рече вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи во „Жешко политичко лето“ на Канал 5.

Тој додаде дека во изминатите 30 години се креирани земјоделци и земјоделски сектор зависен од субвенции, без да се гледа дали расте или се намалува, како што е случај кај нас, земјоделското производство.

„Ние сме рекордери во користење на субвенции во земјдоелитето. Над една милијарда искористени земјоделски субвенции, а нашето земјоделско производство опаѓа“ рече Битиќи.

Вицепремиерот додаде дека веќе е започната јавната дебата за промени на моделот на субвенционирање и ги увери земјоделците дека тие кои реално произведуваат ќе добиваат достоинствени субвенции, додека тие кои профотираат на нивниот грб треба да бидат загрижени.