5.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАБИЗНИС

Битиќи: Јавните институции мора да се пример за совесно користење на ресурсите, ќе има казни за раководителите кои нема да штедат

„Сите подеднакво треба да го сносиме товарот од пребродувањето на енергетската криза, но јавните институции мора да се пример за сите други. Совесното користење на ресурсите треба да биде императив за сите кои водат институции, не само во криза туку и во нормални услови“ рече вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи во „Жешко политичко лето“ на Канал 5.

Тој додаде дека ќе следуваат казни и санкции согласно законите за сите раководители кои нема да се придржуваат до препораките од владата, а доколку не се постапува согласно владините заклучоци можно е и губење на работните места.

„Рестрикции не се предвидени и нема да има. Како влада обезбедивме доволно ресурси, електрична енергија за граѓаните, домаќинствата и сите на регулираниот пазар. Струја ќе има во целиот период кој е пред нас, во целата зимска сезона. Но сите треба да знаеме влегуваме во енергетска криза во која сите треба поодговорно да се однесуваме“ рече Битиќи.

Вицепремиерот додаде дека препораките за штедење се за да не се направи хаварија во системот од преголема потрошувачка, а не поради капацитетите за производство.

Спонзорирано: