10.8 C
Скопје
23. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Тајпеј: Кина води информативна војна против Тајван

Тајпеј денеска го оцени како претерано тоа што Кина објави видео од стратешки важните острови Пенгу, каде се наоѓа голема тајванска воздухопловна база и рече дека не е точно оти кинеските сили се приближиле до островите.

Кина, која тврди дека Тајван е нејзина територија, спроведе воени вежби околу островот претходно овој месец по посетата на Тајпеј од страна на претседателката на Претставничкиот дом на САД, Ненси Пелоси.

Источната воена команда на Кина, која е одговорна за областа околу Тајван, во понеделникот објави видео од островот Пенгу, очигледно направено од авион на кинеското воздухопловство, наведува британската агенција.

Заменик-началникот на штабот на тајванските воздухопловни сили им рече на новинарите во Тајпеј дека станува збор за кинеска информативна војна, но не понуди објаснување како настанала снимката.

Кина користи претерани трикови за психолошка војна за да покаже колку е блиску до островот Пенгу, што не е точно, изјави воен претставник во Тајпеј. Тајванското Министерство за одбрана, во извештајот за активностите на кинеското воздухопловство во близина на островот во понеделникот, на мапа покажа дека најблиску кинески авиони до Пенгу тој ден биле четири ловци Ј-16.

Според прикажаната карта, тие ја преминале централната линија на Тајванскиот теснец, неофицијалната бариера меѓу двете страни, но останале поблиску до кинескиот брег отколку до овој остров.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Британското разузнавање: Кина ги мами нашите поранешни пилоти во својата армија, нуди големи пари

M T

Кина ги предупреди САД: Можна е нуклеарна војна, сите европски земји ќе треперат

M T

Пожар зафатил 10 ката од зграда висока 218 метри во Кина

M T

Прв случај на мајмунски сипаници во Кина

M T

Тајфунот Муифа ја погоди Кина, повеќе од милион евакуирани

M T

Бројот на загинати во земјотресот во Кина се искачил на над 80 лица

M T